Естонија сака НАТО да размести постојани бази на нејзина територија заради заштита од соседна Русија и смирување на стравувањата дека оваа балтичка земја може да биде следната жешка точка по Украина, изјави естонскиот претседател Тоомас Хендрик, цитиран од британските медиуми.
Хендрик, кој се наоѓа во Осло, ова го изјави во предвечерието на посетата американскиот претседател Барак Обама на Естонија и пред самитот на НАТО, на 4 и 5 септември во Велс.
Тој позитивно одговори на прашањето дали сака постојани НАТО бази во Естонија.
-Во НАТО не треба да имаме две категории земји: со и без постојани НАТО бази. Така испраќаме погрешен сигнал до потенцијалниот агресор, рече естонскиот лидер.