(ВИДЕО) Заев: Неприфаќањето на Ден Дончев за сведок го навестува исходот од процесот

Од:

Неприфаќањето на Ден Дончев како крунски доказ во судскиот процес, го покажува нерапмноправниот однос со тужителот Груевски во постапката, смета лидерот на СДСМ Зоран Заев, по што ја напушти судницата.

Тој рече дека намалувањето на побараната сума од половина милион евра на 50 илјади евра не е клучен момент во процесот.

– Не е важна сумата на штетата, колку докажувањето на правдата. Крунскиот доказ е Ден Дончев кој е еден од тројцата лица кои се наоѓаат на снимката и човекот кој се охрабри да ја сподели со јавноста, свесен за можната инволвираност во кривично дело. Неговото неприфаќање од страна на судот за сослушување, го наговестува крајниот исход – изјави Заев.

Претходно, судот го одби барањето на адвокатот на Заев Филип Медарски за сослушување на Ден Дончев, иако тужената страна рече доколку судот одлучи да го прифати барањето, тужениот се обврзува да го донесе на главната расправа, со оглед на тоа дека адресата на Ден Дончев е во Австралија.

На ова реагираше адвокатот на Груевски Никола Додевски кој рече дека се работи за измислени тврдења и дека самиот сведок газда Нини ги демантираше тврдењата на Заев. Додевски изјави дека нема ништо ново и правно издржано за судот да го отповика решенето.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков