Двособниот стан од 57 метри квадратни е сместен во зграда во центарот на Гетеборг. Станот се состои од две соби со кујна и прилично тавански простор за складирање.
Дневната соба е исполнета со светлост и со моќни бои кои создаваат контрасти, а веселиот ентериер е исполнет со книги и слики.
Кујната е дефинирана со полукружен ѕид од тули, што дава рустикален изглед на ентериерот.
Спалната соба е посебно убава со француски кревет и големи бели прозорци. Сивите тапети совршено се допопнети со минималистички метални полици.