Анкета: Швеѓаните сакаат да гласаат преку Интернет

Од:

Две третини од избирачите во Шведска сметаат дека би требало да биде можно да се гласа преку Интернет, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа го покажуваат резултатите од најновото испитување на јавното мислење спроведено од страна на шведскиот институт „Сифо“, во пресрет на парламентарните избори во Шведска што ќе се одржат на 14 септември.

Но според мислењето на аналитичарите, за практична реализација на таков вид гласање би биле неопходни нови технички решенија. Пред се би требало секој избирач да добие дигитална гласачка картичка која би можела да се користи на сопствениот домашен компјутер.

Најпозитивни во однос на електронското гласање се шведските граѓани на возраст од 30 до 49 години, при што 86 отсто од жените и 82 отсто од мажите сметаат дека би требало да се овозможи такво решение. 

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Македонија има најбрз интернет во регионот