Специјален лет од Амстердам во Куала Лумпур денеска ги врати телата на девет загинати во авионската несреќа на авионот Боинг 777 во Источна Украина на „Малезија Ерлајнс“, јави ИТАР-ТАСС.
На аеродромот во малезискиот главен град беше одржана погреба церемонија, а потоа во целата земја беше прогласено едноминутно молчење.
Ова е трет лет, со кој се враќаат посмртните останки на жртвите на авионот на „Малезија Ерлајнс“.
Малезискиот министер за транспорт Лиу Тионг Лаи, изјави дека 43 од малезиските патници во авионот, досега се идентификувани 32 и речиси сите се пренесени назад во Малезија.