На продолжениото на судскиот процес Груевски против Заев, денеска и двајцата се појавија на суд. Чекајќи пред влезот на судницата тие се поздравија. Во секој момент се очекува судијката да ги повика тужениот и тужителот да влезат во судницата и да почне судскиот процес.
На вчерашното рочиште сведокот на обвинетиот Заев, српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како Газда Нини, сведочеше во корист на Груевски, рече дека ниту го познава, ниту некогаш, за било која тема, разговарал со Никола Груевски.
Газда Нини, изјави дека не го познава ниту Заев. Одбраната на Заев посочи дека Нини би бил сведок само доколку снимаката за која е тужен Заев се земе како доказен материјал
Одбраната смета дека однапред е јасен исходот од судскиот процес. Денеска го очекува Груевски да се појави во судницата.
„Му пожелувам што побрзо да оздрави и се надевам дека таа повреда не е драматична. Ако не може да се качи на третиот кат можеме ние да се симнеме, има подолу судници“, рече Вуиќ.
Груевски поднесе тужба за клевета и навреда против Заев за случајот „Македонска банка“.
Заев на прес конференција објави аудиоснимка која, како што рече е доказ дека Груевски лично ја продал „Македонска банка“ на Стефановиќ- Нини , а при продажбата добил 1,5 милиони евра во готово.
Премиерот тврди дека е наклеветен и за претрпената душевна болка бара половина милион евра.
Петар Клинчарски