Австралија ги зајакна санкциите против Русија поради Украина

Од:

Австралија денеска ги зајакна санкциите против Русија во согласност со политиката на САД и Европската унија како одговор на „отворено кршење на украинскиот суверенитет“.

Австралискиот премиер, Тони Абот ја обвини Русија за „дрзок обид да ја отцепи источна Украина од другите земји“.

– Доколку руските сили останат во Украина, доколку Русија продолжи во својот обид да растури една соседна држава, ризикува да стане изолирана на меѓународен план, рече Абот во австралискиот Парламент.

Со новите санкции Австралија ги прошири претходно воведените финансиски санкции и забрани за патувања. Со тие санкции, кои Камбера ги воведе во март се забранува трговија со оружје со Русија, се забранува пристап на руските државни банки на австралискиот пазар на капитал и се забранува трговијата на руска нафта и гас.

Сега воведените финансиски санкции и забрани за патување се воведуваат за дополнителни 63 руски и украински лица и 21 правно лице, со што вкупната бројка се зголеми за 113 лица и 32 правни лица.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај