Рускиот претседател, Владимир Путин ја обвини денеска Европа дека го игнорира тоа што украинската армија отвора оган директно кон цивили во источниот дел на Украина, јави ИТАР-ТАСС.
– Украинската војска директно како своја цел ги има станбените населби и за жал многу земји, вклучувајќи ја Европа, тоа не го забележуваат, истакна Путин.
Истовремено Путин го обвини Киев поради одбивањето да влезе во директни политички разговори со проруските сили во источниот дел на Украина.
– Актуелното раководство во Киев не сака да спроведе суштински политички дијалог со истокот на својата држава, рече Путин.
Путин додаде дека проруските сили се обидуваат да ја потиснат украинската војска од своите моментални позиции, бидејќи отворала оган кон цивили.