ФОТО: Жерновски им посака среќа на првачињата од Центар

Од:

Петстотини првачиња од општина Центар денеска влегоа во светот на знаењето.

Prv ucilisen den 2014 (3)

Седумте основни училишта кои гравитираат во општина Центар подготвено ја започнаа учебната година, а на првачињата им посакаа не само успешен прв училишен ден, туку и успеси во натамошното стекнување на знаење.

Prv ucilisen den 2014 (1)

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и советниците ја споделија радоста со нив, порачувајќи им дека училишните денови се оние најубавите, а пријателствата стекнати во училиштата – најискрени и најтопли.

Prv ucilisen den 2014 (2)

Наученото, им порача градоначалникот Жерновски, секогаш се исплати во иднината, затоа учете но во никој момент ниту вие ниту вашите родители ниту наставниците не заборавајте дека вие сте и треба да бидете деца.

Prv ucilisen den 2014 (6)

„Општина Центар, советниците и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме тука за вашите потреби и желби. Вратите на општината се секогаш отворени за вас“, рече Жерновски.

Prv ucilisen den 2014 (5)

Жерновски со советниците присуствуваше на првиот училишен час во ОУ „Кочо Рацин“ и во ОУ „Ј.Х. Песталоци“, каде што учениците оваа учебна година ја почнувате во нови подобри услови, реконструирани подови во фискултурната сала и реконструирана аула.

Prv ucilisen den 2014 (7)

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните