Најмалку шест лица загинаа, од кои две под 18 година, во вчерашната експлозија што предизвика уривање на четирикатна зграда во предградие на Париз.
Меѓу урнатините прво се пронајдени телата на две жени, на едно 10-годиншно дете, како и на дете на возраст од 14 до 18 години. Подоцна пожарникарите пронашле уште две тела, додека две лица се водат за исчезнати.
Во несреќата повредени се 11 луѓе.
Се претпоставува дека експлозијата се случила поради течење на плин.