Еминентни сликари акварелисти од повеќе земји од светот во наредните седум дена ќе творат уметнички дела во рамките на вториот дел од петтиот по ред Акварелен симпозиум во организација на општина Карпош што официјално ќе биде отворен денеска.
Годинава покрај еминентни македонски уметници, ќе учествуваат и сликари од Индија, Полска, Русија, Украина, Турција, Велс, Хрватска и Србија.
Тие својата инспирација ќе ја црпат освен во убавите урбани предели на општина Карпош и во пасторалните пејсажи на преубавиот Охрид.
Акаварелниот симпозиум на Карпош, ќе трае до 7 септември, а делата создадени во рамки на него, љубителите на уметноста ќе може да ги видат на изложбата што ќе биде организирана во рамки на прославата на Денот на општина Карпош.