Тројца загинати во уривањето на зграда во Париз

Од:

Три лица загинаа, меѓу кои и осумгодишно дете, кога во предградие на Париз, после експлозија, се урна една четирикатна зграда, соопшти службата за вонредни ситуации.

Во инцидентот загинаа и две жени, а шест лица се сметаат за исчезнати.

Претставник на француската противпожарна служба во Париз рече дека 11 лица се повредени. Најверојатна причина за експлозијата е истекување на плин.

– Во тек е пребарување на урнатините и бараме евентуални други жртви, а поради несреќата е мобилизиран дополнителен медицински персонал, изјави тој пред новинарите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата