Хрватска најзадолжена земја во регионот

Од:

Државите од поранешна Југославија имаат вкупен долг од 130 милијарди евра, од кои Хрватска е најзадолжена, а Црна Гора и Македонија најмалку.

Меѓу државите настанати со распаѓањето на СФРЈ, номинално најзадолжена е Хрватска – нејзиниот вкупен долг кон средината на годината ја надмина бројката од 53 милијарди евра. Надворешниот долг на Словенија е поголем од 42 милијарди евра и за 16 милијарди е поголем од надворешниот долг на Србија, кој во моментов изнесува 26 милијарди евра.

Државниот долг на Црна Гора кон крајот на јуни изнесуваше околу 2,02 милијарди евра или 57,5 отсто од бруто домашниот производ, што ја прави најмалку задолжена земја од екс СФРЈ, објави сараевскиот весник „Слободна Босна“.

Во групата најмалку задолжени држави од овие простори е и Македонија со сегашен долг од 2,6 милијарди евра. Босна и Херцеговина има долг од околу 4,7 милијарди евра, од кои на надворешен долг отпаѓаат 3,6 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“