(ВИДЕО) СДСМ: Власта продолжува со импровизации во образованието

Од:

„Почитуван Министре Абдулаќим Адеми, со прифаќање на министерската позиција во министерството за образование, истовремено ја прифативте одговорноста и за сите неуспешни проекти во образованието и големите финансиски ресурси што ги потроши вашата Влада.

Во изминатите 2-3 години секторот образование претрпе многу фрустрации заради импровизациите на луѓе на кои им беа поважни желбите и идеите на власта, отколку потребите на учениците и нивните родители“, изјави на денешната прес-конференција Петар Атанасов, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Имено, од оваа учебна година на учениците од прво, второ и трето одделение им воведувате физика, хемија и биологија, преку предметот природни науки, со учебници од Велика Британија! Ве прашуваме:

Дали направивте пилот проект за да ги проверите учебниците со нашите услови? Дали учебниците кои се прилагодени за една друга образовна средина ќе дадат исти резултати? Дали учебниците за кои вашите експерти велат дека ќе ги учат децата на критичко размислување, ќе продолжите да ги комбинирате со екстерното тестирање? Малку ли беа стресовите од екстерното тестирање кои и не бараат знаење туку, напротив, само меморирање одговори!

Клучот за успех е во модерна настава со мотивирани и обучени наставници и професори, а не со притисоци врз образовниот кадар во училиштата.

Во средното образование, од оваа учебна година математиката ќе биде задолжителен, екстерен предмет за матура, за сите гимназијалци! Според вашиот план, од следната година задолжително ќе ја полагаат и учениците од средните стручни училишта. Убаво замислено, но неостварливо, нели!

Како ќе полагаат матура учениците од средните стручни училишта, кога овој предмет го изучуваат само во првите две години? Зошто министерството дозволи екстерно со матурантите на материјал од едно полугодие? Бараме решение за небулозите со оцената 1 од екстерното и законскиот минимум!

Почитувани граѓани, СДСМ и натаму ќе се залага учениците да бидат во центарот на образованието, за укинување на екстерното тестирање и за мотивирање на наставниците и професорите, без казни и притисоци.

На сите што учествуваат во образовниот процес им посакуваме успешна учебна година, на децата, на нивните родители и на наставниот кадар.

Вам Господине министре Адеми, ви посакуваме успешна борба против појави на нееднаквост на децата, против каква било дискриминација, борба против политички притисоци на ваши вработени против учесници во образованието, борба против натамошни проекти и форми на лажен патриотизам, итна заштита на родителите од непотребни дополнителни трошоци, но и заштита на здравјето на учениците во средините каде се појавуваат заразни болести“, рече Петар Атанасов, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје