Едно дете погина, а 11 лица се повреди при уривање на четирикатница во предградие на Париз

Од:

Во предградие на Париз утринава во експлозија се урна една четирикатна зграда и притоа погина едно дете, а најмалку 11 лица се повредени, јавија француските медиуми, повикувајќи се на локалните служби.

-Седум возрасни и пет деца се водат како исчезнати, изјави представник на  противпожарна служба во Париз, додавајќи дека се уште не е познато што е причината за експлозијата.

Сомневањата паѓаат на протекување плин.

-Во тек е пребарување на урнатините и бараме уште можни жртви, а заради несреќата е мобилизован доста медицински персонал, рече претставникот на противпожарната служба.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата