Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) постигна победа на последниот натпревар од Европското првенство – Б дивизија што се игра во Струмица. Вечерва нашите кадети славеа над Грузија со 93:81(24:19, 23:23, 27:24 и 19:15).
Со оваа победа нашите кошаркари овој шампионат го завршија на 9-то место и воедно им се реваншираа на кошаркарите на Грузија за поразот во првата фаза.
Со 22 поена Виктор Ефремовски беше најефикасен, додека Петар Огњеновиќ постигна 21 поен со 12 скока, а Ненад Димитријевиќ имаше 16 поени и 15 асистенции.
Македонија на осум натпревари постигна шест победи и има два пораза, покрај од Грузија загуби и од финалистот Израел.