Европарламентот со забрзана процедура ќе ја ратифиукува Спогодбара за асоцирање на Украина со ЕУ, соопшти претседателот на ЕП, Мартин Шулц, на денешната средба на врвот на ЕУ.
– Сега е многу важно спогодбата да биде брзо ратификувана, затоа што сум убеден дека тоа ќе им даде поттик на политичките и економските реформи.
– Затоа ЕП ја презема обврската да ја одобри спогодбата со забрзана процедура, рече Шулц, цитиран од ИТАР-ТАСС.