Тимошенко иницира референдум за членство на Украина во НАТО

Од:

Партијата „Татковина“ (Баткившчина) на Јулија Тимошенко одлучи денеска да ги почне неопходните процедури за оддржување референдум за зачленување на  Украина во НАТО, истовремено со вонредните парламентарни избори на 26 октомври, јавија светските агенции.

Поранешната украинска премиерка денеска изјави дека нејзината партија до Централната  изборна комисија ќе ја предаде пријавата за собирање на граѓаните на кои ќе им биде објаснета иницијативата, пренесоа украинските медиуми.

Потоа, според законот за референдум, партијата ќе почне собирање три милиони потписи што се потребни за неговото оддржување, рече Тимошенко, соопштувајќи дека веќе им се обратила на претседателот,  премиерот и претседателот на собранието, Петро Порошенко, Арсениј Јацењук и Александар Турчинов, како и на пратениците со молба да ја поддржат иницијативата.

Украинските медиуми наведуваат дека поранешната премиерка е уверена дека  зачленувањето во НАТО ќе ја заштити Украина од воените дејствија.

Тимошенко, како што пренесуваат руските медиуми, потсетила дека вчера генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјавил дека вратата за Украина е отворена и изрази уверување дека денеска народот е консолидиран во позицијата дека земјата треба да стане членка на Алијансата.

Јацењук вчера изјави дека украинската Влада на Врховната рада (собранието) ќе му предложи да го укине вонблоковскиот статус на Украина и да го обнови курсот кон зачленување во НАТО.

Би можело да ве интересира

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски