Кадетите на Македонија против Грузија во натпревар за 9. место

Од:

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство – Б дивизија што се игра во Струмица. Во дуелот за 9. место противник на нашите кадети е селкцијата на Грузија. Почетокот на дуелот е во 18:15 часот.

Македонија синоќа ја победи Бугарија со 80:68, додека Грузија постигна убедлив триумф над Холандија со 92:37. Во рамките на групата (првата фаза) Грузија ја победи Македонија со 87:77 и со тоа нашите кадети останаа без пласман во четвртфиналето.

Во борбата за првото место на шампионатот ќе играат Израел и Црна Гора, а за третото место е дуелот Чешка и Англија. Трите првопласирани репрезентации следната сезона ќе играат во А дивизијата. 

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос