Шведската нацистичка линија ги провоцира ОН

Од:

Шведска е одамна приклучена кон Конвенцијата на Обединетите нации за елиминирање на сите видови расна дискриминација. Но и покрај тоа се дозволува шведската нацистичка Партија на Швеѓаните (СВП) да продолжи со својата расистичка пропаганда, јави дописникот на МИА од Гетебог.

Партијата на Швеѓаните е антидемократска, антисемитска и во својата идејна програма дефинира расна политика со која “единствено луѓе кои припаѓаат на западното генетско и културно наследство, каде што се вбројуваат и етничките Швеѓани, би можеле да бидат шведски државјани“.

Во својот најнов извештај за Шведска, Комитетот на ОН за борба против расната дискриминација забележува со загриженост дека расистички и екстреимистички организации продолжуваат со својата дејност во земјата.

ОН во повеќе наврати ја повикуваше Шведска да го приспособи своето законодавство кон споменатата конвенција за елиминирање на расна дискриминација, која е во сила од 1969 година, пишува „Гетеборг-постен“.

Партијата на Швеѓаните ќе учествува со свои кандидати на локалните избори во Шведска, кои ќе се одржат едновремено со парламентарните на 14 септември.

Во последниви месеци се случија низа инцидентите со масовни интервенции на полицијата во голем број градови во Шведска, на предизборните митинзи и други собири организирани од страна на Партијата на Швеѓаните, проследени со тепачки, фрлање камења и шишиња од страна анти-демонстранти од левичарски групации. Голем број лица беа повредени при демонстрациите на нацистичката СВП.

Од разни страни во Шведска се упатуваат остри критики кон полицијата, која, повикувајќи се на демократските принципи за слободно изразување и изнесување на мислења во јавната дебата, дозволува собири и демонстрации за пропагирање на чисто нацистички и расистички пораки и ставови.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски