ВИДЕО: Борби за руски коридор до Крим

Од:

Новата офанзива на проруските сили кон Мариопул пропратена со закани и обвинувања од двете страни. Проруските сили се наоѓаат веќе на десетина километри од пристанишниот град на Азовското море.

Украинската власт предупреди дека немаат шанси да го одбранат Мариупол затоа што се вклучени руските тенкови и војска со многу современо и прецизно оружје, иако највуваат дека ќе го бранат градот.

Ова е најстратешкото место, со оглед дека освојувањето на Мариупол значи дека Русија ќе има копнен коридор до полуостровот Крим.

putin-pod-oko1

Путин: Подобро е да не влегувате во конфликт со Русија

Официјална Москва ги одбива нападите дека врши инвазија и тврди дека нема нејзина војска во Украина.

Од друга страна Путин директно се закани никој да не влегува во расправи со Русија.

– Секогаш треба да бидеме подготвени да ја одбиеме секоја агресија кон Русија, а нашите партнери, без разлика колку се силни и кои надворешно политички концепти ги поддржуваат, треба да сфатат дека со нас е подобро да не влегуваат во никакви спорови, односно во вооружен конфликт, предупреди Путин.

Обама и Меркел: Нови санкции за Русија 

merkel-obama-getty

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел заеднички констатираа дека не е исклучено да се воведат дополнителни санкции за Русија.

Американскиот претседател Барак Обама порача дека Русија ги сноси последиците од меѓународните санкции и дека е поизолирана дури и од времето на Студената војна. Тој исклучи било каква воена интервенција.

Обама кажа дека со Меркел се сложиле дека Русија мора да ги сноси последиците поради своите акции.

Тој ја обвини Русија за бранот насилство во Источна Украина и посочи дека е длабоко вмешана во најновите акции. Според него, бунтот на истокот на Украина не е од внатре, туку е предизвикан од Русија.

-Сепаратистите се обучуваат во Русија, се вооружуваат во Русија, финансирани се од Русија, рече Обама.

Од друга страна Русите обвинуваат дека САД и НАТО ја обучуваат и вооружуваат украинската војска.

На улиците на Харков беше снимена долга колона на украинската армија во која за прв пат беа видени американски борбени возила „Хамер“.

pol-vitalij-curkin

Освен осумте хамери, имало и ракетни системи „Град“, оклопни возила и воени камиони.

Постојаниот претсавник на Русија во Советот за безбедност Виталиј Чуркин побара САД да престанат да се мешаат во работите на другите држави.

– Јас би предложил на Вашингтон да му се упати следниов предлог-Престанете да се мешате во работите на суверените држави, да ги поткопувате сите што режими кои не се по ваша волја.

– Намалете ги вашите геополитички амбиции. Тогаш со олеснување ќе здивнат не само соседите на Русија, туку и многу држави во светот, рече Чуркин.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци