Најдобро рангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот на Златибор откако попладнево во четвртфиналето го победи Србинот Арсение Златановиќ со 2:0 во сетови.
Јотовски утре во полуфиналето ќе игра против Данило Петровиќ истотака од Србија (522.место на АТП листа).
Јотовски мечот го доби во финишот на првиот сет откако при резултат 5:5 успеа да го заврши сетот со 7:5 во гемови, а потоа во вториот сет беше убедлив и славеше со 6:1. Ова за Јотовски е четврто полуфинале на фјучрс турнир во 2014 година.