СДСМ: Највисоки даноци на недвижности ќе плаќаат граѓаните на општините Карпош и Ѓорче Петров

Од:

„Кога Стевчо Јакимовски за изборите вети бесплатни ужинки, не им кажа на граѓаните дека за тоа ќе им го покачи данокот за недвижности и ќе им воведе даноци за милениче и за базен.

Сега највисоки даноци на недвижности во Скопје ќе плаќаат токму граѓаните на општина Карпош и општината Ѓорче Петров, со којашто се потсмева Јакимовски, а ја раководи градоначалник од редовите на неговиот коалициски партнер, ВМРО-ДПМНЕ.

Лага е тврдењето на Стевчо Јакимовски дека советник од СДСМ го поддржал неговиот предлог за покачување на данокот за промет на недвижности.

Јакимовски и неговата партија со помош на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ несовесно качуваат даноци во општина Карпош во услови на незапаметена сиромаштија во земјата досега“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на oпштина Карпош за изјавата на Душко Весковски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага