Путин: Проблемот во Украина е што власта одбива преговори со сепаратистите

Од:

Проблемот во Украина е одбивањето на властите да почнат преговори со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Во изјавата пред младински форум Путин го повика Западот да сфати дека властите во Киев не можат да постигнат ред во Украина и да ги натераат да почнат преговори со бунтовниците.

Обидот на украинските војници да излезат од опсадата во која западнаа во југоисточниот дел на земјата, место да го искористат понудениот хуманитарен коридор за отстапување, е колосална грешка која ќе доведе до огромен број жртви, предупреди тој.

На средбата во вторникот во Минск, рускиот претседател бил уверуван од својот украински колега Петро Порошенко дека сите руски војници, кои се приведени во Украина, ќе и бидат предадени на Русија.

Украинците и Русите практично се еден народ, забележа Путин пред учесниците во младинскиот камп „Селигер“, на брегот на истоименото езеро во западната Тверска област.

Рускиот претседател нападите на украинските сили за безбедност врз источните градови во земјата ги спореди со опсадата на Ленинград од страна на нацистите во текот на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци