Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги оцени денеска како „шпекулации“ тврдењата дека руски војници се борат во источниот дел на Украина.
– Многупати слушаме различни шпекулации, а ниту еднаш не приложија докази, истакна Лавров на прес-конференција.
Москва вчера го информира Киев за својата намера да испрати нова пратка хуманитарна помош за југоисточниот дел на Украина.
– Земени се предвид предлозите на Украинците, кои веќе дадоа принципиелна согласност и ја разгледуваат логистиката на вториот конвој. Имаме заедничко разбирање како да го испратиме овој втор конвој, така што ќе биде гарантирана и безбедноста, а пратката ќе биде доставена, нагласи Лавров.