Киев одговори: Повикот на Путин е доказ дека ги контролира проруските сепаратисти

Од:

Украинската војска денеска оцени дека повикот на рускиот претседател Владимир Путин да се отвори „хуманитарен коридор“ за украинските војници да можат да се повлечат е доказ дека проруските активисти на истокот од Украина се под директна контрола на Кремљ.

„Повикот на Путин докажува само едно – тие луѓе (проруските активисти) се директно под водство и контрола на Кремљ“, се наведува во соопштението на украинската војска, пренесуваат британските медиуми.

Путин побара од милицијата во Новоросија (Доњецка и Луганска република) да им дозволи на украинските војници, кои се наоѓаат под нивна опсада, да излезат од боиштето, што тие денеска го прифатија под услов украинските војници да се разоружаат.

Путин апелираше кај припадниците на милицијата да ги спречат непотребните жртви, истакнувајќи дека многу украински војници во воената операција на Киев на југоисток од  земјата учествуваат без своја волја, бидејќи само извршуваат наредби од претпоставените.

Рускиот претседател ги повика властите во  Киев веднаш да прекинат со воената операција и да седнат на масата за преговори со претставниците на Донбас.

Путин вети дека Русија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за населението од југоистокот на Украина.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци