Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) вечерва со почеток во 21 часот го игра натпреварот против Бугарија на Европското првенство – Б дивизија во Струмица. Со триумф македонските кошаркари во сабота ќе разигруваат за 9.место, додека пораз значи настап во дуелот за 11.место.
Во вториот натпревар за разигрување од 9-12.место играат Грузија и Холандија, кои се потенцијалните ривали за саботниот натпревар. Македонската репрезентација досега има четири победи и два пораза.
Во полуфиналето ќе играат: Израел – Чешка и Црна Гора – Англија. Победниците од овие натпревари ќе изборат пласман следната година да настапуваат во А дивизијата, а истото ќе се случи и со третопласираната репрезентација од овој шампионат.