Рускиот претседател Владимир Путин ги повика проруските сили во источниот дел на Украина да обезбедат хуманитарен коридор, со цел украинскиет војници под нивна опсада да можат да се евакуираат, соопшти Кремљ.
– Ги повикувам милициите да отворат хуманитарен коридор за владините украински војници под опсада, со цел да се избегнат непотребни жртви и да им се овозможи да го напуштат регионот и да се вратат на своите семејства, се наведува во соопштението на претседателот на Русија.
Путин, исто така, повика да се обезбеди итна медицинска помош за сите повредени што учествувале во борбите.
Рускиот претседател, исто така, нагласи дека Русија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Источна Украина.