(ВИДЕО) САД: Најновите снимки јасно покажуваат присуство на руски војници во Украина

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја обвини Русија за ескалација на насилствата во источниот дел на Украина, истакнувајќи дека најновите снимки јасно покажуваат дека руски војници се наоѓаат на украинска територија, што ќе резултира со дополнителни последици за Москва.

Обама на конференција за новинари во Белата куќа изјави дека светот е соочен со зголемени тензии меѓу Русија и Западот бидејќи Москва обучува, вооружува и финансира проруски сили во Украина.

Истовремено, Обама најави дека украинскиот претседател Петро Порошенко идниот месец ќе го посети Вашингтон, што ќе претставува негова прва официјална посета на САД како претседател на Украина.

Обама нагласи дека САД со своите сојузници ќе разгледа начин за проширување на економските санкции кон Русија, откако Киев ја обвини Москва дека руски војници се наоѓаат во југоисточниот дел на Украина.

Американскиот претседател, исто така, ја исклучи можноста за воена акција против Русија поради нејзините акции во Украина.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите