„Благодарение на пријави од граѓани, а пред се упорната истрагата на здружението „Втора Шанса“ од Кочани, стигнавме до сознанија за монструозно изживување врз кучиња во Кочани:
Врзувани, изгладнувани и траумирани кучиња, кучиња оставени без вода, кучиња кои преку ноќ исчезнуваат и на кои им се губи секоја трага, се слика на еден напуштен објект во изградба, во Кочани (реон улица Скопска). При влезот во објектот ве полазуваат морници – секогаш наоѓате некое ново куче, преплашено, кое моли за помош, дехидрирано и прегладнето; воедно ви доаѓа нагон за повраќање од неподнослива реа на мртвило .
Се вртите и гледате остатоци од тела на мртви кучиња –распаднати лешови, расфрлани екстремитети. Доколку убаво се разгледува се воочуваат празни шишиња пиво, но и бројни, искористени кондоми. Постојат и оправдливи индиции дека кучињата се сексуално злоставувани, а потоа и убивани од лице кое за овој случај е пријавено и е познато на полицијата, но никој никогаш не превзел ништо.
За сторителот добивме повеќе пријави, во прилог една:
„Ви пишувам со надеж дека можеби ќе можете да ми излезите во пресрет во помошта на десетици кучиња кои секојдневно се малтретирани, злоупотребувани, врзувани и оставани во просторија по неколку денови па можеби и недели без леб и вода. Многу начесто од просоријата се чувствува смрдеа и по повикувањето на комуналните служби гледам како одтаму изнесуваат мртви кучина. Ситуацијата е многу сложена и деликатна. Злосторникот повеќе пати е пријавуван во полиција од таму никаков позитивен одговор или реакција, најчесто добиваме одговори како злосторникот имал ментална болест па неможеле да превземат ништо. Се прашувам дали цената за неговото лекување треба да се плаќа со смртта на неколку десетици невини кучина, или во државава имаме и други методи за лекување и згрижување на таквите лица.“
Со цел да овој терор над животните запре јавно бараме темелна истрага и најстрога казна за сторителот ( Никола Т. ; лицето кое се гледа на фотографијата )согласно Кривичниот закон на РМ , како и трајна забрана да се приближува на животни и/или ги зема за какви било цели. Бараме да се стори тоа и веднаш да се пристапи кон затворска казна на посочениот за мачење на животни. Укажуваме дека доколку се изигнорира ова социопатско однесување, насилство и самоволие; садизмот, мачењето и убивањето нема да запре тука.
Бараме институциите веднаш да реагираат и најстрого постапат по однос на пријавите добиени за лицето Никола Т. зошто го крши законот и прашање е на време кога ќе има наредна жртва. Имаме информации дека за лицето, во блиско минато имало обвинување за обид за силување. Дека доколку не се превземат итни мерки против овој насилник, жртви ќе има и во иднина, немаме никакво сомнение – единствено останува прашањето на негов избор, дали тоа ќе биде животно или човек“, се вели во соопштението на Анима Мунди.