На Европското кадетско првенство за играчи до 16 години кое се одржува во Струмица, денеска е слободен ден. Утре на програмата се натпреварите за влез во финалето.
Во полуфиналните дуели кои ќе се играат во термините од 18.45 и 21 часот во салата „Парк’’, ќе се сретнат селекциите на Израел – Чешка и Црна Гора – Англија.
Во истите термини, но во салата „Никола Карев’’ ќе се играат натпреварите за пласман од 9 до 12 место. Најнапред Грузија и Холандија ќе ги одмерат силите, а потоа од 21 часот и македонската кадетска селекција ќе го почне својот натпревар против репрезентацијата на Бугарија.
Подобрите од овие натпревари ќе разигруваат за деветтото додека поразените ќе играат за единаесеттото место во Б дивизијата на европскиот шампионат.