Двајца повредени во сообраќајка на патот Берово-Делчево

Од:

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што денеска по 15 часот се случи на патот Берово-Делчево на делницата меѓу Стојмирово и Берово.

До сообраќајната несреќа дошло кога директно се судриле  „голф 4“ со штипски таблички и  „матиз даеву“ со беровска регистрација.

Во несреќата повредени се возачот и сопатникот во матизот и тие се пренесени во болница во Берово.

Поради увидот, сообраќајот беше блокиран, а голем дел од луѓето кои присуствуваа на прославата во манастирскиот комплекс „Св. Богородица – Балаклија“ останаа заглавени на патот.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он