Средба Попоски – Милер во Берлин

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Берлин, во рамки на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, се сретна со германскиот сојузен министер за економска соработка и развој, Герд Милер.

Попоски, како што е наведено во соопштението од МНР, изрази благодарност за поддршката и интензивната економска соработка помеѓу двете земји.

Германија е првиот трговски партнер на Македонија со која се опфаќаат 20 отсто од севкупната македонска трговија, еден од водечки развојни партнери и трет инвеститор во РМ.

Министерот Попоски изрази интерес на понатамошно интензивирање на билатерална соработка и зголемување на бројот на развојни проекти планирани во иднина, особено на поле на економски развој, вклучително и трансферот на технологии, животната средина, локален и регионален развој, туризам и модернизација на образованието, истражувањето и иновациите.

Министерот Милер ја потврди повторно германската поддршка и најави можност за нов циклус за проектна соработка со Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија