Оланд: Асад не може да биде партнер во борбата против тероризмот

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад не може да биде партнер во борбата против тероризмот во Сирија и Ирак, каде џихадистите контролираат повеќе области, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Сирискиот конфликт се префрли во Ирак, земја, која веќе беше подложена на поделби, меѓуверски судири и нестабилност, а „Исламска држава“ го искористи тој хаос, бидејќи тероризмот секогаш се храни со самиот себе, истакна Оланд на традиционалната годишна средба со француските амбасадори во говорот, посветен на насоките на француската дипломатија.

– Таа групација претставува закана како за Багдад, така и за Ирачки Курдистан, ги напаѓа малцинствата, христијаните во Ирак, јазидите и други, додаде тој, потсетувајќи дека Франција доставила оружје до силите, кои се борат во првите линии против џихадистите.

Оланд потенцира дека е потребен широк сојуз, но според него работите се јасни, а тоа е дека Башар ал Асад не може да биде партнер во борбата против тероризмот, бидејќи „тој е објективен сојузник на џихадистите“.

Тој истакна дека предложил да се организира меѓународна конференција во Париз, откако ќе биде составена новата ирачка влада, на која ќе се координираат меѓународните активности против „Исламска држава“, хуманитарните планови, плановите во областа на безбедноста и одбраната.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети