Распишана потерница по осомничениот за убиството во Охрид

Од:

На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку Бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потрага по Бојан П. (30) од Охрид, осомничен за сторено кривично дело „убиство“.

На 21 август 2014 година околу 23 часот и 20 минути во Охрид, во хотелот „Император“, осомничениот Бојан ги застрела сопственикот на хотелот Васил Р. и Ромео Ѓ. (1976).

vasil risteski1

Според досегашните сознанија, Бојан заедно со Р.С. од Охрид, отишол во хотелот каде почнал расправија со Ромео околу паричен долг, по што извадил пиштол и пукал кон него. Ромео, повреден, станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот Васил, при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и Васил.

По настанот, Бојан и Р.С. избегале со патничко возило „БМВ“, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски