Русија во моментов е директно вмешана во судирите во источна Украина, истакна денеска амбасадорот на САД во Киев, Џефри Пјат.
– Поголем број руски војници директно интервенираат во борбите на украинска територија, напиша Пјат на својот твитер налог, додавајќи дека Москва е директно вмешана во судирите и дека испратила свои најнови воздухопловни одбранбени системи, вклучувајќи СА-22.
САД предупредија вчера дека упадот на руските војници во на украинска територија покажува дека од Москва е оркестрирана контраофанзива во Доњецк и Луганск во источна Украина.