Шведска блиску до потпишување договор со НАТО

Од:

Шведска се очекува наскоро да потпише договор со НАТО, кој ќе овозможи силите за брза интервенција на Алијансата да можат да дејствуваат на шведска територија во случај на криза, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Договорот за т.н. поддршка на земјата домаќин претставува натамошен чекор на доближување на неутрална Шведска до членството во НАТО.

– Одлука на Владата по ова прашање може да се случи во блиска иднина, рече шведската министерка за одбрана Карин Енстром за Шведската телевизија СВТ.

По владината одлука ќе треба да се изјасни и шведскиот Парламент-Риксдаг, веројатно со широко мнозинство бидејќи партиите во заедничката парламентарна Одбранбена комисија пролетска ја поддржаа иницијативата за потпишување на споменатиот договор.

Се очекува и соседна неутрална Финска да потпише таков договор со Алијансата, а што во светлината на актуелната безбедносно-политичка криза во Украина добива големо значење.

И министерката Енстром и портпаролот за одбранбени прашања на опозиционите шведски социјалдемократи Петер Хулквист потенцираат дека НАТО не би можел да интервенира со свои сили без претходно тоа да го дозволи Шведска.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било