Младите македонски кошаркари подобри од Естонија

Од:

Кадетска кошаркарската репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) ја совлада соодветната селекција на Естонија, во натпревар од Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Струмица.

Во натпревар од групата Г, од разигруваат за пласман од 9-12.место, младите македонски кошаркари ја победија Естонија со 75:55 по четвртини 15:17, 16:9, 16:17 и 28:12.

Најефикасен кај црвено-жолтите беше Предраг Огњановиќ со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 11 скокови. Еден скок му недостасуваше на Ратко Мамузиќ и тој да има „дабл-дабл“ па на крајот средбата ја заврши со 12 поени и 9 скокови. Ненад Димитиевиќ покрај 16 поени имаше и 7 асистенции и 6 скокови.

Во првиот натпревар од оваа група Грузија ја победи Романија со 97:63 и го освои првото место.

Табелата: Грузија 8 бодови, Македонија 5, Романија 5 и Естонија е последна со 2.

Со оваа победа македонската кадетска селекција сега ќе разигрува за пласман од 9-12 место.

Следен противник ќе биде второ пласираната селекција од групата Х, во која сите четири репрезентации (Бугарија, Швајцарија, Шведска и Холандија),  пред одигрувањето на натпреварите од последното коло имаат ист број на бодови.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос