Без опозиција утврдени нацрт-амандманите на Уставот

Од:

Законодавниот дом со 65 гласа „за“, два против и еден воздржан ги утврди нацртите на седумте амандмани на Уставот.

Со нив бракот се дефинира исклучиво како заедница меѓу еден маж и една жена, а регистрирањето на вонбрачната заедница да биде исклучиво меѓу еден маж и една жена.

Според ВМРО-ДПМНЕ ова било во согласност со сваќањата на најголемиот број граѓани за бракот-исклучиво да биде заедница меѓу еден маж и една жена, и тоа без оглед на нивната верска или етничка припадност.

Со уставните измени се дава можност за основање на меѓународна финансиска зона во која би се применувала посебна правна регулатива по највисоки меѓународни стандарди, освен прописите од областа на кривичното право на Република Македонија.

Називот на Народната банка на РМ се преименува во Банка на РМ. Од Судскиот совет се изземаат министерот за правда и претседателот на Врховниот суд кои според постојното уставно решение се членови по функција.

Нацрт – аманданите по изгласувањето во Собранието ќе одат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието на РМ треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дискусијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.

Владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одлучија сами, без опозиција да го менуваат највисокиот законодавен акт. СДСМ и здружената опозиција, поради изборен фалсификат го бојкотираат Собранието, а од вчера, поради тепачката и скандалот на Комисијата за финансирање и буџет и ДПА го напушти Собранието.

Остануваат само Роза Топузова Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, кои не го почитуваа ставот на партиите на чии листи и го добија пратеничкиот мандат.

Би можело да ве интересира

Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Критики за програмата и кадровските решенија од опозицијата, прва половина од собраниската седница за избор на новата влада

Мицкоски: Државата е во клиничка смрт, институциите се доведени пред пропаст

Собраниска седница за избор на новата влада