Победа за Дургути, пораз за Мицов на фјучрсот во Златибор

Од:

Македонските тенисери кои настапија денеска на фјучрс турнирот на Златибор имаа променлив успех. Бесир Дургути победи, а Стефан Мицов загуби во првото коло.

Дургути кој успешно ги мина квалификациите го победи истотака квалификантот Стефан Миленковиќ од Србија со 2:0 во сетови. Првиот сет Дургути го до доби со 7:6 во гемови (во тај брекот беше 8:6 на поени), додека во вториот сет беше 6:4. Во следното коло Дургути ќе игра со седмиот носител Арсение Златановиќ од Србија.

Мицов не успеа да ја мине првата пречка „среќниот губитник“ Дарко Јандриќ од Србија кој победи со 2:1 во сетови. Мицов поведе со 1:0 откако го доби првиот сет со 6:4, но потоа ги загуби следните два со 6:2 и 6:4.

Пласман во второто коло има обезбедено и Томислав Јотовски, кој утре ќе игра против Унгарецот Виктор Филипенко.

Меч од второто коло на фјучрсот во Де Пан, Белгија денеска игра Димитар Грабул. Негов противник му е Шпанецот Иван Мантиља Гомез.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров