(ВИДЕО) СДСМ: Инцидентот во Собрание е последица на нервозата на власта

Од:

СДСМ со оценка за вчерашната тепачка во Собранието меѓу пратениците на ДУИ и ДПА.

– Вчерашниот инцидент во Собранието на Република Македонија, е нов срам за Република Македонија, рече Горан Сугарески, соопштувајќи ја оценката на СДСМ за вчерашната тепачка во Собранието меѓу пратениците на ДУИ и ДПА

– По скандалозниот 24 декември, кога власта на Груевски, Јанкулоска и Ставрески со помош на извршителот Вељаноски ги исфрлија пратениците на опозицијата и новинарите од Парламентот, јасно беше дека во Македонија е укината парламентарната демократија.

Прашање на време беше кога ќе се случи нов инцидент во Собранието и може само да се претпостави што уште може да се случи.

Нарачателите и извршителите на насилството на 24 декевмри останаа неказнети и не понесоа никаква одговорност. Груевски остана премиер. Јанкулоска остана министерка за внатрешни работи. Ставрески остана министер за финансии. Велјаноски остана претседател на Парламентот.

Оваа четворка на власт праќа порака до пратениците дека насилството и тепачките во Собранието се прифатлив начин на однесување и дека се може да помине.

Собранието на РМ нема капацитет за елементарно функционирање. Вчерашниот инцидент е резултат на политиките на насилие, конфликтност и поделби.

Тоа што по втор пат се случува инцидент при дебата околу Буџетот е силен сигнал колку е голема нервозата на власта кога се работи за злоупотреба и трошење на парите на граѓаните.

Никаква Анкетна комисија не е решение, поради несериозното функционирање на оваа власт.

Кај кого сега власта ќе ја префрли одговорноста? Нема амнестирање од одговорност, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“