Филе на средба со Груевски: Дојдов со одредена загриженост

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле не криеше дека на денешната средба со премиерот Никола Груевски дошол со одредена загриженост, бидејќи политичките партии апелирале на нивната сопствена етничка база, на сметка на политичката стабилност на земјата. Филе порача: По повеќе пд 10 години од Охридскиот рамковен договор и 20 години независна држава, Вие воспоствивте единствен систем како здрава основа за соживот.

Иднината лежи во вашата споделена визија за вашата земја, а Европската унија и Рамковниот договор треба да бидат клучниот елемент на таа визија и сите ве охрабрувам да ги следите.

И Филе, како и Грувески потенцираше дека за прв пат во рамки на високиот дијалог е разговарано за добрососедските односи. Пораката која тој му ја пренел на Премиерот е дека државата треба да се стреми да ги подобрува односите со соседните држави, притоа пристапувајќи во односите со конструктивност и сочуствителност кон партнерите.

Во рамки на оваа тема бил споменат и спорот со името со Грција.

Фуле рече: „Разговараме за тоа прашање но не и за деталите и опциите за тоа што може да се направи во однос на тоа“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ