Македонија против Белорусија за пласман на Евробаскет 2015

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вечер со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2015 година. Избраниците на селекторот Александар Џикиќ со победа сигурно ќе обезбедат пласман, иако и пораз може да донесе учество на Евробаскетот.

Со вечерашните натпревари ќе бидат комплетирани квалификациите, а досега пласман преку нив имаат обезбедено: Летонија, Босна и Херцеговина, Израел и Белгија.
Распоред на натпреварите од 6.коло:

А група: Исланд – Босна и Херцеговина. Слободна Велика Британија.
Табела: Босна и Херцеговина 3-0 (победи-порази), Исланд 2-1, Велика Британија 0-4.

Б група: Израел – Бугарија и Холандија – Црна Гора.
Табела: Израел 4-1, Црна Гора 3-2, Холандија 3-2, Бугарија 0-5.

Ц група: Луксембург – Германија и Полска – Австрија.
Табела: Полска 4-1, Германија 3-2, Австрија 3-2, Луксембург 0-5.

Д група: Македонија – Белорусија и Данска – Белгија.
Табела: Белгија 4-1, Македонија 4-1, Белорусија 2-3, Данска 0-5.

Е група: Унгарија – Чешка и Грузија – Португалија.
Табела: Чешка 4-1, Унгарија 3-2, Грузија 3-2, Португалија 0-5.

Ф група: Романија – Летонија и Шведска – Словачка.
Табела: Летонија 5-0, Романија 4-1, Шведска 1-4, Словачка 0-5.

Г група: Швајцарија – Италија. Русија слободна
Табела: Русија 2-2, Италија 2-1, Швајцарија 1-2.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос