Со измени на Уставот дозволен ќе биде само брак помеѓу еден маж и една жена

Од:

Седум измени на Уставот на Република Македонија денеска ќе се најдат пред пратениците во форма на нацрт-амандмани.

Со нацрт – амандманите се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и вонбрачната заедница. Во однос на Судскиот совет, се предлага десет од неговите членови да се избираат од редот на судиите, тројца на предлог на Собранието, а двајца на предлог на претседателот на државата.

Во нацрт-амандманот се предлага членовите на Судскиот совет да немаат право на реизбор.

Ќе се менува името на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија со еден од амандманите. Во однос на Државниот завод за ревизија, со нацрт-амандманот се предлага тој да биде независен државен орган, а оти неговиот прв човек го избира Собранието.

Петтиот нацрт-амандман се однесува на формирање на финансиска зона, а со шестиот Владата ја регулира финансиската политика и одредува дека дефицитот не може да изнесува над три отсто од БДП и јавниот долг да изнесува до 60 отсто од БДП.

Последниот амандман се однесува на надлежноста на Уставниот суд, односно дека Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски