Финското Министерство за надворешни работи објави дека САД и Русија во јуни имале тајни разговори за Украина.
– Финското Министерството за надворешни работи помогна во организацијата на состанокот, кој се одржа на остров на јужниот брег на Финска, изјави портпаролот на МНР, Веса Хединен, не наведувајќи повеќе детали.
Пред 11 денови финскиот претседател Саули Нинисто во Сочи разговараше со рускиот колега Владимир Путин. Нинисто е прв лидер од Европска унија кој го посети рускиот лидер по избивањето на кризата во Украина.
Нинисто по средбата во Сочи отпатува во Украина на средба со претседателот Петро Порошенко.