Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска официјално потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа.
– Израел го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа, изјави висок израелски претставник.
Абас потенцирал дека воените дејствија, според договорот, ќе бидат прекинати во 16 часот по средноевропско време, кога ќе стапи во сила.
Од почетокот на војната во Појасот Газа на 8 јули досега во насилствата загинаа 2.130 Палестинци и 68 Израелци.