Палестински претставници тврдат дека е постигнато трајно примирје со Израел

Од:

Постигнат е договор за трајно примирје меѓу палестинското исламистичко движење Хамас и Израел во Појасот Газа, најавија палестински претставници.

 – Египетските власти не информираа дека Израел прифатил палестински барања за прекин на огнот, изјави Калед ал-Батш, кој ги претставува Исламски џихад на индиректните преговори во Египет.

Засега нема коментар од израелска страна. Палестински медиуми јавија дека официјално соопштение ќе биде издадено попладнево од страна на Кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Според палестински извори на кои се повикуваат западни медиуми, ќе биде олеснета израелската блокада на Појасот Газа воведена во 2006 година, со што се задоволува барањето на Палестинците во досегашните преговори со Израел. За еден месец се очекува и преговори за отворање на аеродромот и пристаништето во Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски