(ВИДЕО) Манчевски: Водовод во Шуто Оризари, наместо луксуз за барок

Од:

„Во Скопје официјално е прогласена епидемија на жолтица. Според Центарот за јавно здравје, покрај немиените раце, извор на жолтицата се излеаните канализации за време на дождовите и бунарите за вода. Градот после секој посилен дожд се поплавува. Атмосферската канализација едноставно повеќе не ги задоволува потребите на Скопје.

Коце Трајановски целосно се изгуби во раскошот и луксузот со којшто владее. На истата седница на којашто се задолжуваат граѓаните на Скопје за изградба на водоводот во Шуто Оризари, Коце Трајановски дава гаранции за кредит од 7 милиони и 300 илјади евра за луксузна административна зграда на ЈП Водовод и канализација“, изјави на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, член на Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.


„Главен град, во 21-от век, во којшто има епидемија од жолтица поради тоа што сите граѓани немаат пристап до вода од централниот водовод, ќе го има најлуксузното водоводно претпријатие во светот, каде што м2 чини 2 000 евра.

Уште еднаш бараме да се разгледа предлогот на СДСМ и опозициските партнери за продажба на луксузната зграда на Водовод. Парите од продажбата да се искористат за изградба на поскромна зграда што целосно ќе ги задоволи потребите на вработените. А ако веќе граѓаните на Скопје се задолжуваат со комерцијален кредит, предлагаме Коце Трајановски овие 7 милиони и 300 илјади евра, предвидени за луксузна зграда, да ги пренасочи за изградба на водоводот во Шуто Оризари“, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа