Во тек реконструкција на Паркот на поезијата во Струга

Од:

Во тек е реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на Паркот на поезијата во центарот на Струга, местото каде што сите лауреати на „Струшките вечери на поезијата“, во чест на поезијата, засадуваат дрвца. За оваа намена од буџетот на Министерството за култура во 2014 година се издвоени 1,5 милион денари.

како што соопшти денеска Министерството за култура, во првата фаза, надлежната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ веќе го изработила проектот, а по изборот на фирма за санација на просторот, веднаш ќе се пристапи кон поплочување на постојните патеки со бекатон плочки и хортикултурно уредување.

Реализацијата на целиот проект, кој опфаќа реконструкција на јавна површина од 5.480 квадратни метри, ќе се одвива во две фази. Во втората фаза, која ќе се реализира во 2015 година, ќе се изврши реконструкција на фонтаните и целосна илуминација на просторот, а ќе бидат поставени и клупи. Со овој проект, Паркот на поезијата ќе блесне во полн сјај, а Струга ќе добие репрезентативен јавен простор кој е лоциран во срцето на овој град.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ