Киев: Во источна Украина заробени 10 руски војници

Од:

Украинските власти соопштија дека армијата во источниот дел на земјата заробила 10 руски војници, припадници на воздушно десантна единица, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на коминике на украинската Служба за безбедност (СБУ).

Заробените војници биле распитани во рамки на поведената криминална истрага.

Војниците биле дел од 331-от полк на 98-та воздухопловно-десантна дивизија на руските вооружени сили, стационирана во централна Русија, тврди СБУ. Тие биле заробени во близина на украинското село Џеркале, на околу 50 километри југоиаточно од градот Доњецк, бастионот на проруските бунтовници во Украина. Кај нив биле пронајдени идентификациски документи и оружје.

Русија ги негираше украинските обвиненија дека испраќа војници и оружје на нејзина територија.

-Руските воени упади на украинска територија се сериозна ескалација на конфликтот, изјави советничката на американскиот претседател Барак Обама за прашањата на националната безбедност Сузан Рајс.

Таа конкретно ја обвини Русија дека во Украина испратила артилерија, системи за против-воздушна одбрана, десетици тенкови и војници. 

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци